Утрински Весник
Спорт

Јаник Синер го освои турнирот во Шангај

Djokovic 1 1068x601 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е освојувач на мастерс турнирот во Шангај откако во големото финале го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови. Синер покажа дека во моментов е најдобриот тенисер во светот.

Во првиот сет имаше голема борба, двајцата тенисери лесно ги добиваа своите сервиси, па тајбрејкот решаваше. Во него Синер беше подобар со 7-4 за водство од 1-0 во сетови.

Првиот брејк се случи во вториот сет кога Новак Ѓоковиќ загуби свој сервис, Синер го доби сетот со 6-3 и дојде до победа од 2-0.

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk