Утрински Весник
Спорт

Поранешниот физиотарапевт на Синер: Порано или подоцна ќе кажам што се случи

8405043 09193848 Jannik Sinner Und Giacomo Naldi Links Posieren Mit Der Trophaee Der Australian Open.jpg

Јаник Синер денеска го игра финалето на мастерсот во Шангај против Новак Ѓоковиќ, дури и најдобриот тенисер на сите времиња му дава поголеми шанси за победа, но малку немир во таборото на Италијанецот внесе неговиот поранешен физиотерапевт.

Џакомо Налди беше прогласен за главен виновник за аферата со допинг, доби отказ кога допинг аферата на Синер излезе во јавноста. Очигледно тој не сака да ја прифати вината за се она што се случи.

„Добро сум, жал ми е како и на како и на сите останати, но се надевам дека порано или подоцна и јас ќе можам да кажам што се случи“, изјави Италијанецот за „Тениснет“.

Овие негови зборови може да се протолкуваат како скриена закана, а тој објаснува зошто не може да го стори тоа веднаш.

„Сега, како и сите други, не можам ништо да кажам, обврзан сум со договор за молчење“.

Да потсетиме, Налди беше прогласен за главен виновник за двата позитивни допинг теста на Синер на почетокот на март, направени во период од осум дена. Според официјалната верзија, фитнес-тренерот на Синер, Умберто Ферара, му купил на Налди маст која содржи забранета супстанција.

Налди го масирал двократниот Грен слем шампион, но без ракавици. Бидејќи имал рана на раката, супстанцијата му ја пренел на Синер. Налди најмногу го критикуваат што не носел ракавици, но тој има што да каже.

Секако, многумина се збунети зошто Налди и Ферара добија отказ дури во август, кога се дозна за аферата, а не четири месеци порано, кога се се случи.

Синер сега го чека исходот од жалбата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) против казната изречена од Агенцијата за тениски интегритет (ITIA). Казната на ITIA блага, му беа одземени само бодови и заработка од турнирот во Индијан Велс.

ВАДА бара суспензија од една до две години и поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS). Одговорот се очекува на крајот на годината.

Во меѓувреме Синер најде замени за споменатиот дует, на нивно место дојдоа поранешните членови на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, Улисес Бадио и Марко Паники.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига