Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите денес на мегдан против Ерменија

Fudbal Prijatelski Natprevar Makedonija Ermenija 5.jpg

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува нов натпревар во Лигата на Нации во рамките на групата Ц на Лигата на Нации.

По победата над Летонија со 3-0 во Рига, за избраниците на селчекторот Благоја Милевски следува мечот во Ереван против Ерменија.

Оваа е втор меч помеѓу овие две селекции откако нашиот национален тим во Скопје , во рамките на второто коло триумфираше со 2-0.

Со победа или реми фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде се поблиску до освојување на првото место во својата група, затоа што во ноемврискиот циклус две средби играме на домашен терен против Летонија и Фарски Острови.

Во овој дуел ни одговора и минимиален пораз , затоа што повторно самите ќе решаваме за првото место во својата група.

Во составот на Македонија ситуацијата е иста како и претходно, со тоа што од суспензија се враќаат стоперите Ѓоко Зајков и Никола Серафимов. Неизвесен е настапот на Муслиу, иако многу е подобра неговата ситуација од пред неколку дена

Мечот Ерменија – Македонија на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван ќе започне во 18 часот.

Можете да прочитате

Работници од Албанија и Романија се тепале при изградба на Камп Ноу

Се започна од Крањ, денот кој ќе биде запаметен во македонската фудбалска историја (ВИДЕО)

Јамал се повреди на мечот со Данска