Утрински Весник
Балкан

Рама: Орбан е наш традиционален сојузник и драг пријател

Rama.webp.webp
Dik 300x250 mk

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека унгарското претседателство значително влијаело на одлуката за отворање на основните поглавја за членство на Албанија во Европската Унија.

Рама сподели неколку моменти од вчерашната посета на Унгарија и средбата со неговиот колега Виктор Орбан, опишувајќи го како „традиционален сојузник на Албанија и драг пријател“.

– Со традиционалниот сојузник на Албанија и драг пријател Виктор Орбан, во пресрет на одредениот ден на отворањето на „фундаменталните“ поглавја, главниот блок на преговорите за членство на „Албанија 2030“ во Европската Унија. Унгарското претседателство со ЕУ силно влијаеше на овој заслужен позитивен развој за Албанија, посочи Рама. 

Рама и Орбан во заедничката изјава по средбата се фокусираа на билатералната соработка, процесот на интеграција на Албанија во ЕУ и други прашања.

Рама истакна дека тој и неговиот колега разговарале за можностите за проширување на билатералната соработка.

Вчера Комитетот на постојани претставници (Корепер два) го одобри заедничкиот став на ЕУ за отворање на првата рунда преговори со Албанија, со што се овозможи одржување на меѓувладина конференција со Албанија на 15 октомври 2024 година во Луксембург.

Албанија ќе биде прва меѓу земјите кандидати што ќе ги отвори преговорите за членство според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западен Балкан. 

Можете да прочитате

Думани: Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден