Утрински Весник
Свет

ИДФ нареди евакуација на жителите од 23 села во јужен Либан

Liban1.jpg

 Израелската армија (ИДФ) нареди евакуација на жителите на 23 села во јужниот дел на Либан поради безбедност на населението, со оглед на зголемената активност на Хезболах.

Некои села од каде е наредена евакуација и претходно беа мета на нападите на израелската армија.

ИДФ тврди дека во посочените села Хезболах крие оружје и од таму извршува напади врз Израел. Хезболах негира дека помеѓу цивилите крие оружје.

Конфликтот помеѓу Израел и Хезболах, кој избувна пред една година кога групата поддржана од Иран лансираше ракети кон северен Израел за поддршка на Хамас, драматично ескалира минатиот месец.

Од 23 септември кога Израел ги интензивираше нападите врз јужен Либан, долината Бека и јужните предградија на Бејрут, приближно 1,2 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања денеска соопшти дека се раселени повеќе Либанци отколку за време на последната голема војна помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година, кога околу милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. 

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот