Утрински Весник
Балкан

Македонски државјанин уапсен во Хрватска: Без возачка дозвола предизвикал сообраќајка, се превртел и удрил во карпа

1691675400 Shutterstock 2186723713 750x499 1.jpg

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 16 часот и 40 минути на подрачјето на Лабин. Несреќата се случила кога 32-годишен македонски државјанин управувал автомобил со пулски регистарски таблици, без возачка дозвола, од правец Лабина кон Раша, пренесува „Глас Истра“.

Поради непрописна брзина, возачот преминал на спротивната страна од коловозот, каде директно се судрил со камион со пулски регистарски број, кој од спротивната насока го управувал 45-годишен маж. Од силината на ударот автомобилот се превртел и удри во карпите. Во незгодата полесно се повредени двајцата возачи. Граѓанин на Северна Македонија е уапсен и денеска ќе биде предаден на надлежниот Суд поради прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Можете да прочитате

Грчкиот полковник пренесувал воени информации на Кина преку аплукација

Рама остро кон Уставниот суд: Суспензијата на Балуку е опасен преседан за демократијата

Српската полиција трага по двајца осомничени за киднапирање на Кајмакоски