Утрински Весник
Спорт

Инцидент во Евролигата – Брајант го гризна Биберовиќ

S 8c6046ca6ab7b7f5bc525a5a5d49594af2f41c0d.jpg

Дербито на Истанбул во Евролигата, во салата на Ефес им припадна на кошаркарите на Фенербахче (93:69).

Натпреварот го обележа инцидентот во третата четвртина меѓу Елајџа Брајант (Ефес) и Тарик Биберовиќ (Фенербахче).

Фенер беше во напад, Елајџа Брајант се обиде да го запре Тарик Биберовиќ, а потоа и двајцата завршија на паркетот. Кошаркарите тргнаа физички да се пресметаат, соиграчите успеаја да ги раздвојат, а судиите ги исклучија двајцата.

Сепак, ТВ камерите не успеаја да го овековечат најдоброто од она што се случуваше.

Дури по крајот на натпреварот, благодарение на фотографија, беше целосно јасно што се случи, Брајант најверојатно го гризнал Биберовиќ.

Можете да прочитате

Јаник Синер ќе остане број еден до крајот на годината

Шок за Јунајтед, Мазрауи има проблеми со срцето

Алими: Подготвен сум да помогнам на која било позиција за Македонија