Утрински Весник
Македонија

Драма во болница во Тетово – се тепале двајца хирурзи

Dsc 0036 Scaled 1.jpg

Двајца хирурзи на Клиничката болница во Тетово физички се пресметале меѓу себе. Инцидентот се случил денеска напладне во хируршкото одделение. Како што соопштија од управата на болницата, ова не е прв пат да има вакви пресметки меѓу овие двајца хирурзи.

За тепачката меѓу двајцата хирурзи е известена полицијата, а од управата на тетовската болница најавија дека ќе формираат комисија која точно ќе провери што се случило меѓу двајцата лекари и ќе преземе мерки против нив. Од СВР Тетово велат дека се известени за случајот и дека се преземаат сите мерки за расветлување на случајот. Според неофицијални информации, се сомнева дека при тепачката бил употребен тврд предмет.

„Можеме да потврдиме дека денеска околу 13 помеѓу двајца хирурзи, во Клиничката болница во Тетово, се случило тепачка. Не можеме да ги дадеме имињата на лекарите поради презумпција на невиност додека судскиот орган не ја утврди вината. Иницијалите се Д.Х. и З.С. Директорот на болницата лично комуницирал со Полициската станица во Тетово и со началникот на полицијата и очекуваме надлежните да постапат. Во рамките на нашите надлежности, дефинитивно ќе преземеме мерки, но случајот во моментов го води полицијата. Откако ќе имаме одлука за едното или за другото или за двете заедно, ќе ги преземеме потребните мерки согласно Законот“, вели Валон Абдилхамити – Тетовска болница.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца