Утрински Весник
Спорт

Шок за Алкараз во Шангај: Елимниниран од 33. тенисер во светот

Alcaraz Shanghai 2024 Sunday.jpg

Во четвртфиналето на АТП мастерсот во Шангај шпанскиот тенисер доживеа пораз од Чехот, Томаш Махач со 2:0 во сетови (7:6, 7:5).

Махач кој е 33. тенисер во светот одигра одличен меч против фаворитот во овој меч и на крајот успеа да слави.

Во првиот сет ниту еден од двајцата тенисери не го изгуби својот сервис, па така победникот се решаваше во тајбрејк каде што во клучните моменти Махач имаше поголема концентрација и поведе со 1:0.

Махач во вториот одлучувачки сет дојде до брејк со 2:1 кој во наредниот сет го потврди, а Алкараз успеа да возврати со израмнувањето на 3:3. Одлучувачкиот брејк чешкиот тенисер го направи за водство од 6:5 и во продолжение на свој сервис само го заврши мечот за полуфинале во Шангај.

Во полуфиналето го чека уште една тешка задача бидејќи ќе игра против Јаник Синер.

Можете да прочитате

Почина Душко Вујошевиќ – 24info.mk

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп