Утрински Весник
Балкан

Несреќа во БиХ: Автомобил со најмалку три лица слета во река

Policija Bih.jpg

Специјални екипи работат на извлекување на возилото што во текот на ноќта слета во реката Босна, од регионалниот пат Какањ-Високо, во градот Добриње, потврди портпаролката на МУП на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ.

Но како што пренесуваат локалните медиуми не се знае точниот број на жртви. По пронаоѓањето на возилото ќе биде спроведена истрага со која ќе раководи дежурниот кантонален обвинител.

Според известувањето на порталот „Кликс“, несреќата се случила синоќа, час по полноќ, а полицијата ја известил маж кој бил во возилото и успеал да се спаси.

Кога пристигнале на местото на несреќата, полицијата затекнала маж со видливи повреди и отежнато комуницирање. Им кажал дека се сеќава дека бил во автомобилот со уште три лица.

Можете да прочитате

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари