Утрински Весник
Свет

Албанец си ја задавил сопругата пред очите на двете малолетни деца

Italija 1.jpg

Триесетгодишен Албанец е уапсен под сомнение дека ја убил сопругата (24) пред очите на нивните малолетни деца во семејната куќа во Сан Феличе а Канчело, кај Казерта, Италија.

Убиството се случило утрово околу 5 часот, а полицијата во куќата затекнала грозоморна сцена.

Мртвата жена лежела на подот додека нивните деца, на возраст од четири и шест години, биле покрај неа. Според реконструкцијата на настанот, мажот за време на расправијата збеснал и со голи раце ја задавил жената пред очите на децата.

Причината за расправијата сè уште не е позната, а во тек е полициска истрага.

Можете да прочитате

,,Горење“ ја затвора фабриката, еве што ќе се случи со работниците

ЕПП: Време е за Орбан да си оди

Трагедија: Пилот на „Туркиш ерлајнс“ почина за време на лет над САД