Утрински Весник
Скопје

Сите даночни и таксени обврзници, кои немаат платено данок на имот и комунална такса, веднаш да ги намират своите обврски,велат од Град Скопје

Grad Skopje 4 678x381 1.jpg

Град Скопје во свое соопштение ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица што не ги намириле своите обврски за комунална такса – фирмарина за 2021, 2022 и за 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се почнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

Сите даночни и таксени обврзници, кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години – неопходно е неодложно и веднаш да ги надмират своите обврски.

Граѓаните по добивањето на решенијата, доколку забележат неправилности, треба да ги пријават на веб-страницата на Град Скопје (е-даноци) или преку одделот за пријавување проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:

за данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546;
за комунална такса – фирмарина: 02 3297-314;
за присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.

Можете да прочитате

ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ

Без струја делови од Бутел, Карпош и Сарај

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда