Утрински Весник
Спорт

РК Еурофарм Пелистер против Спортинг за први бодови во лигата на шампионите

20241009085204 Big 730x400 2.webp.webp

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во Битола очекуваат да ги освојат првите бодови во европската Лига на шампионите. 

Битолчани, во спортската сала „Боро Чурлевски“ го пречекуваат Спортинг од Лисабон, клуб со кој прв пат меѓународен натпревар одиграа во 2017 година во рамки на тогашниот ЕХФ Челинџ Куп, а вечер од 20:45 часот ќе се сретнат во рамки на четвртото коло на Лига на шампионите.

– Спортинг е клуб во голема форма, но ние играме пред својата публика и на домашен терен и ќе дадеме се од себе да ги освоиме првите бодови во европската Лига на шампионите. Португалците играат модерен ракомет со полуконтри, но со силна одбрана ќе го спречиме нивниот брз напад, изјави во пресрет на вечерашниот дуел со гостите од Португалија, ракометарот Цветан Кузманоски.

Во досегашните меѓусебни средби во различни европски натпреварувања Спортинг има подобар вкупен резултат од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност