Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ е конструктивна, мора да се одблокира ЕУ интеграцијата

Venkopres24.jpeg

СДСМ секојдневно демонстрира конструктивност во однос на евроинтегративниот пат на државата, истакна лидерот на партијата, Венко Филипче, во својата последна изјава.

Според него, оваа конструктивност ја покажуваат преку иницијативата за одржување на собраниска седница, бидејќи токму Собранието е местото каде што треба да се носат клучните одлуки за иднината на земјата.

„За жал, од премиерот не гледаме конкретен одговор во оваа насока. Има многу најава за поддршка од некои држави и за промена на преговарачката рамка, но сето тоа е обвиено со мистерија и без детали,“ изјави Филипче. Тој нагласи дека премиерот има обврска да ги информира и Собранието и граѓаните за сите чекори поврзани со евроинтеграцијата.

Филипче, исто така, го критикуваше хаосот и неусогласеноста во Владата, особено поради изјавите на министерот Муртезани, кој го демантираше премиерот во однос на поддршката за уставни измени со одложено дејство.

„Овие дисонантни тонови и конфузни изјави создаваат впечаток за бесперспективност во Владата, што мора да се расчисти. Владата има обврска пред граѓаните да го продолжи евроинтегративниот пат кој го очекува мнозинството граѓани,“ заврши Филипче.

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева