Утрински Весник
Спорт

Ангеловски: Се надевам на наше добро издание против Спортин

Izjava Angelovski.jpg

Бранислав Ангеловски, тренерот на македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер го најави мечот во Лигата на шампионите против Спортинг .

Бранко Ангеловски  верува дека со поддршка од трибините ќе се покажат во одлично светло на овој меч.

Спортинг во Лигата на шампионите импресионира со одлична, тимска игра и нивната сила не е само во браќата Коста. Играат одличен ракомет и неслучајно имаат три победи во Лигата на шампионите и така лесно го демолира Веспрем. 

Сепак, ова е нов натпревар, играме пред нашите гледачи, а битолската публика знае да препознае квалитет.

Верувам дека со наша добра игра, публиката ќе ни помогне да се претставиме во одлично светло и да извојуваме победа против разигран противник.

Можеби Спортинг не доаѓа од некоја најракометна земја како  Данска, Германија, Франција но Португалија во последно време и на репрезентативно и на клупско ниво напредува. Се надевам на наше одлично издание – изјави Ангеловски.

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали