Утрински Весник
Македонија

Тошковски на средба со Транспаренси Интернешнл: МВР ги насочува сите свои капацитети во борба со корупцијата

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (08.10.2024) оствари работна средба со претседателот на невладината организација „Транспаренси Интернешенл – Македонија”, Благоја Пандовски.

Средбата доаѓа во време кога Министерството за внатрешни работи се залага максимално и ги става на располагање сите свои капацитети за бескомпромисна борба против корупцијата на високо ниво и оттука и двете страни ја оценија како навистина потребна и продуктивна.

За време на средбата беше претставен извештајот насловен како Национален систем за интегритет, во кој детално се разгледува работењето и функционалноста на 15 државни институции во периодот од 2022-2023 година. Воедно разговарано беше и за зајакнување на интегритетот на полициските службеници, како и на сите останати вработени во Министерството за внатрешни работи, а предложени беа и модалитети за остварување на таа цел. Во таа насока, двете страни разговараа за потпишување на Меморандум за соработка преку кој би била олеснета натамошната соработка од заеднички интерес.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!