Утрински Весник
Македонија

Царинската управа спречила шверц на марихуана, цигари и лекови

Carinska Uprava536 1024x1024 1.jpg

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле обид за нелегална трговија на марихуана, лекови, а спречен бил и обид за криумчарење цигари, како и стока која повредува право од интелектуална сопственост.

На граничен премин „Блаце“ царинските службеници спречиле обид за нелегална трговија на марихуана.

„Запленети се 36,4 килограми опојна дрога марихуана, чијашто вредност на нелегалниот пазар на големо се проценува од близу 100 илјади евра, а на мало до три пати повеќе. Против лицето е поднесена кривична пријава заради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено пуштање во промет на наркотични дроги“, информираат од Царинска управа.

На граничниот премин „Јажинце царинските службеници спречиле обид за криумчарење на вкупно 7.847 ленти разни лекови. Притоа запленети биле и лекови ксалол од еден милиграм, бромазепам од 6 милиграми, флормидал од 15 милиграми и бенсадин од 10 милиграми со вкупна вредност од 8,7 милиони денари.

Можете да прочитате

Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

Милошоски: СДС и ДУИ со билатералните игри и договорот на Османи ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ

Нема крај на пирамидалните шеми: По Конти тука се Грок и Етернал