Утрински Весник
Свет

Либанската влада е подготвена да ја брани земјата во рамките на расположливите можности

20241008112011 Big 730x400 27.webp.webp
Dik 300x250 mk

Привремената влада на Либан денеска изрази подготвеност да ја „одбрани земјата во рамките на расположливите можности“ и најави дека врз основа на одлуките и директивите на политичките власти „ќе го направи она што смета дека е неопходно“ за да ја заштити државата.

Одлуката, како што се наведува во владиното соопштение, е донесена „во светло на зголемените варварски напади на израелскиот непријател врз различни региони во Либан, кои предизвикаа смртни случаи, повредени и големи разурнувања“.

– Искуството покажа дека армијата е институција која го претставува столбот на Либан и дека едвај чекаме успехот на меѓународните напори да ја запре израелската агресија што е можно поскоро, се посочува во соопштението.

Според либанските власти најмалку 1,3 милиони луѓе, што е повеќе од една петтина од вкупното население, ги напуштиле своите домови поради зголемените израелски воздушни напади. Во текот на изминатата година, десетици илјади луѓе од јужен Либан и северен Израел веќе беа принудени да избегаат, поради континуираните борби помеѓу Израел, Хезболах и другите антиизраелски сили.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно