Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина

Foto 3 1 Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит, при што беше изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес, пред сè на економски план.

Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ.

Двете соговорнички констатираа дека унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредок на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата стана збор и за минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите и брзо закрепнување на повредените.

Можете да прочитате

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1-ви јули до 31-ви август

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, ќе станеме земја која извезува електрична енергија