Утрински Весник
Свет

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно оружје и нема да ја исклучи нивната употреба доколку биде нападната од непријателите.

Во вчерашниот говор одржан на универзитетот, Ким исто така рече дека нема намера да ја нападне Јужна Кореја, но „ако непријателот се обиде да употреби сила против нашата земја, севернокорејската војска без двоумење ќе ја употреби целата сила, што „не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје“. Тој повика и на опширно зајакнување на одбраната на Северна Кореја.

Тој испрати и роденденска порака до рускиот претседател Владимир Путин и го нарече негов „најблизок другар“, велејќи дека „стратешките и кооперативни односи“ меѓу двете земји ќе бидат подигнати на ново ниво за да работат на „одбрана на регионалниот и глобалниот мир и меѓународната правда“.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп