Утрински Весник
Спорт

Македонските фудбалери го одработија првиот тренинг пред дуелите во Лигата на Нации

1 3.jpg

Македонската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за претстојните два натпревари во Лигата на нации против Летонија и Ерменија.

Во мислите ни се секако две победи и потврда на првото место во групата, но тоа мора да се одработи на теренот и да се потврди нашата фаворитска улога.

Македоија во моментот е првопласирана во четвртата група со вкупно четири бода, а со евентуални две победи скоро сигурно ќе ја обезбедиме највисоката позиција во оваа конкуренција.

Најпрво играме со Летонија на 10 октомври, а три дена подоцна гостуваме кај Ерменија, која претходно ја совладавме во Скопје со 2-0.

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија