Утрински Весник
Спорт

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА

Untitled 1 7.jpg

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години

Можете да прочитате

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован