Утрински Весник
Балкан

„Мало дете преживеало под плоча од два тона“: Чудо по поплавите во БиХ

Bosna Poplavi.jpg

Условите за пребарување на теренот во Доња Јабланица во БиХ денеска се нешто подобри, дождот престана да врне, па спасувачите со полн капацитет ја продолжуваат потрагата по настраданите од страшната поплава и одрон на ова место, информираат тамошните медиуми.

Според Сабахудин Спаховиќ од Сојузната управа за цивилна заштита, покрај припадниците на ФУЦЗ, на терен се и спасувачи со кучиња и членови на тимот ХУСАР од Хрватска. Ова е првиот тим кој бил ангажиран во Јабланица преку меѓународниот координативен механизам за цивилна заштита и Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.

– Три лиценцирани кучиња сега работат на угинати лица на терен. Успеале да ги откријат жртвите. На три места кучето даде сигнал и чекаме да се создадат услови, бидејќи е многу тешко да се приближиме до тие места, да се обидеме со машини и спасувачи да дојдеме до потенцијалните тела на жртвите – изјавил Спаховиќ за „Дневни аваз“.

Има многу работи кои спасувачите ќе ги паметат засекогаш кога станува збор за Доња Јабланица, но акцијата за спасување на дете веднаш по катастрофата е особено врежана во сеќавањето на Сабахудин.

– Она што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од мојата глава, секако е спасувањето на мало дете. Живо било под плоча која сигурно тежела два тона. Заедно со мештаните и сите присутни успеавме да го извлечеме дететои да го пренесеме до првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека се што му треба е обезбедено – додава Спаховиќ.

Целиот регион го поврзува солидарноста, хуманоста и желбата да им се помогне на преживеаните од катастрофата во Јабланица. Со благодарност до сите што помагаат, Спаховиќ апелира дека на спасувачите во моментов им е потребна помош не во работна сила, туку во механизација.

– Не ни треба помош во луѓе, потребна ни е помош во камиони, багери, се друго што ќе ни биде од корист на терен за да почнеме да ги отстрануваме тешките последици од оваа катастрофа. Во моментот кога ќе дојдеме во ситуација да почнеме да ги расчистуваме објектите и се друго што имаме овде, тогаш преку медиумите и социјалните мрежи ќе апелираме да ни помогнат со работна сила. Дотогаш ги молам сите за трпение, особено да не одат на пат самоиницијативно, бидејќи така ни создаваат проблеми и нам и на полицијата и на сите други – вели Спаховиќ.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk