Утрински Весник
Спорт

Кенијците Чемвоно и Џеруто победници на Скопски маратон, рекордни 13.400 натпреварувачи

14570496 10154807280901435 3232057947716929861 N.jpg

Кенијците Хилари Чемвоно во машка конкуренција и Ирине Џеруто во женска се победници на годинешното 20-то издание на „ВизЕр Скопски маратон“.

Чемвоно победи со време 2:13:28 часа пред сонародникот Даниел Кипротич кој патеката од 42 километра ја мина за 2:13:52 часа. Трет беше најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски со резултат 2:16:26 часа.

Џеруто беше најдобра кај девојките со време 2:37:52 часа. Второто место го освои македонската маратонка Адријана Поп Арсова која на целта пристигна со време од 2:39:38 часа, пред Кенијката Вивијан Џелалат.

Турските претставници, пак, доминираа во полумаратонската трка. Прв низ целта мина Џан Хусеин (1:05:54 часа), второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугарија. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а третата позиција ѝ припадна на Јулие Ларсен од Норвешка.

На годинешниот јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Министерството за спорт е главен покровител на Скопскиот маратон.

Можете да прочитате

ВМФЛ: Брегалница триумфираше, Македонија ЃП подобра од Осогово

Франческо Банаја победи на трката за ГН на Јапонија во МОТО ГП

Пеп Гвардиола го напушта Сити?