Утрински Весник
Свет

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

20241005104107 Big 730x400 19.webp.webp

Илјадници луѓе присуствуваа синоќа на молитвата и специјалната комеморација за убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, во иранската престолнина Техеран.

Насрала беше убиен во Бејрут во израелски воздушен напад минатата недела, што го налути Техеран, кој потоа, во вторникот, изврши ракетен напад врз Израел.

Во главниот град на Иран беше одржана церемонија во чест на Насрала, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во својата молитва го пофали Насрала и го повика муслиманскиот свет „да го врзе појасот на одбраната“.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад