Утрински Весник
Спорт

Казната на Пол Погба намалена на 18 месеци

Pol Pogba 960x719 1.jpg

На францускиот играч за врска Пол Погба, кој поради допинг доби четири години забрана за играње фудбал, со одлука на Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, суспензијата му е намалена на 18 месеци.

Тоа би значело дека 31-годишниот Погба ќе се врати на тренинзите со Јувентус во јануари, а во март ќе може повторно да игра, како што објави Сами Мокбел, спортски уредник на „Дејли мејл“.

-Ме информираа дека Антидопинг агенцијата на Италија донела одлука и верувам дека е погрешна. Тажен сум, шокиран и со скршено срце што ми е одземено се што изградив во текот на кариерата. Сè ќе дознаете кога ќе се исполнат законските норми и имам можност да зборувам за се. Никогаш свесно или намерно не сум земал додатоци кои ги прекршуваат антидопинг правилата. Како професионален спортист никогаш не би ги подобрил моите настапи на тој начин. Тоа би било непочитување и мамење на моите соиграчи и навивачите на секој тим за кој настапував. Затоа ќе се жалам до Судот за спортска арбитража, објави Французинот откако дозна за суспензијата.

Причината за суспензијата на Погба беше позитивниот тест на тестостерон по победата на торинскиот гигант над Удинезе со 3-0 во првото коло од Серија „А“ во сезоната 2023/24.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо