Утрински Весник
Балкан

Во БиХ прогласена состојба на елементарна непогода

20241004152039 Big 730x400 89.webp.webp
Dik 300x250 mk

Владата на БиХ прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите и свлечиштата што погодија дел од Федерацијата Босна и Херцеговина – Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница, Крешево и други места.

Ова денеска го соопшти вицепремиерот Војин Мијатовиќ на вонредна прес-конференција на Владата на ФБиХ во Сараево.

– Имаме 14 жртви, не шпекулирајте за бројот на исчезнати. Во овој момент во загрозените подрачја се работи на проодност и расчистување на патишта, за да можат спасувачките служби да стигнат до настраданите. На денешната вонредна седница задолжени се единиците за спасување на вода на Федералната управа за цивилна заштита, рече тој.

Мијатовиќ информира дека е формиран Кризен штаб кој ќе координира со Федералната управа за цивилна заштита

Можете да прочитате

Вонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Вучиќ: Во Белград се дојдени двајца снајперисти, се уште ги бараме

Уставниот суд ја поништи одлуката на владата, Велиај може да се врати како градоначалник на Тирана