Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром им додели признанија и парични награди на најдобрите наставници

Priznanija I Nagradi Za Nastavnicite.jpg

Најдобрите наставници и стручни соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска добија признанија и парични награди во висина од 10 илјади денари.

Признанијата и наградите им ги врачи в. д. градоначланикот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во пресрет на утрешниот Светски ден на наставникот – 5 Октомври. Тој им се заблагодари за нивната посветеност и за љубовта со која ја работат една од најблагородните професии и им посака уште многу поголеми успеси и достигнувања во нивната кариера.

Оваа година за најдобри наставници од страна на училишните одбори се избрани: Ивана Цветановска од ОУ „Љубен Лапе“, Марјанa Настевска од ОУ „Блаже Конески“, Александар Темелковски од ОУ „Александар Македонски“, Соња Фортуманова од ОУ „Браќа Миладиновци“, Виолета Јовановска-Никовска од ОУ „Димитар Македонски“, Љубинка Стојановска од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Марија Андонова од ОУ „Гоце Делчев“ и Марина Нанева од ОУ „Лазо Ангеловски“.

Општина Аеродром им честита на наградените наставници и стручни соработници, кои заедно со своите колеги секојдневно работат со децата од нашите училишта и вложуваат огромен труд за нивно образование и воспитување, што резултира со успешни генерации кои се нашата иднина.

Можете да прочитате

Ќе се гради подземна гаража кај Скендербег, Владата одвои 20 милиони евра

Шесте автобуси на гас стигнаа со правописни грешки на налепниците за ориентација, нарачани се нови налепници

Ќе има ли новогодишно украсување на Скопје: Арсовска на прашањето