Утрински Весник
Магазин

Светска недела на вселената – 24info.mk

20241004083227 Big 730x400 42.webp.webp

Годишната прослава на Светската недела на вселената во земјава започнува денеска со темата „Вселената и климатските промени“. Целта на овој настан е да се истакне важноста на вселенските истражувања и нивното позитивно влијание врз човештвото.

– Секоја година од 4 до 10 октомври, луѓе од целиот свет се обединуваат за да ги прослават достигнувањата во истражувањето на вселената и да ги едуцираат и инспирираат младите, вели Марина Таневска, национален координатор на Светската недела на вселената во Македонија.

Овие датуми одбележуваат два историски настана:

● 4 октомври 1957 година: Лансирањето на првиот човечки направен сателит, Спутник 1, со што започна ерата на истражување на вселената.

● 10 октомври 1967 година: Потпишувањето на Договорот за принципи за мирно користење на вселената, Месечината и другите небесни тела.

Минатата година, Светската недела на вселената беше одбележана со 16.000 настани во 83 земји, вклучително и Македонија. Оваа година се очекува бројот на настани да биде уште поголем. Темата „Вселената и климатските промени“ има за цел да ја поврзе глобалната заедница и да го истакне значењето на сателитите и вселенската технологија во следењето на промените во животната средина и намалувањето на ефектите од климатските промени.

Одбележувањето ќе продолжи на 9 октомври со настанот #SpaceTalks: Од вселената до климатските промени. Овој бесплатен настан ќе се одржи во Стартап Клуб Скопје, со почеток во 19:00 часот, а вклучува две предавања: „Астероиди: мали небесни тела во Сончевиот систем“ на Елена Вчкова-Бебековска, професор по астрономија и физика на Природно-математичкиот факултет, како и „Климатската криза – Поглед од вселената“ на Горјан Јовановски, активист и ко-основач на EarthCare.ai.

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници