Утрински Весник
Македонија

XII меѓународна македонско-полска научна конференција

123 1.jpg

Одбележување на 65–годишнина од основањето на македонската полонистика на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, УКИМ ќе се одржи на 4 и 5 октомври 2024 во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Во двата конференциски дена на сесиите ќе учествуваат 43 истакнати научници од Македонија, Полска, Србија, Хрватска, Словачка и Италија.Покрај научниот дел, Конференцијата е збогатена и со придружни манифестации како:

✔️Изложба на полски филмски плакат

✔️Промоција на славистичкото научно списание Folia Philologica Macedono-Polonica”, T. 11, во редакција на M. Błaszak, S. Sojda, а во издание на Шлезискиот универзитет во Катовице 2024, промотор: Андреј Јованчевски

✔️„Мала антологија на полската проза и поезија. Студентски преводи”, Т. 1, приредувач на ова издание е Фросина Милковска, Скопје 2024, промотор: Андреј Медиќ Лазаревски

✔️АВТОРСКА СРЕДБА со полскиот репортер ДИОНИСИОС СТУРИС − авторот на книгата – книжевна репортажа „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција” во издание на „Славика либрис” – кмодератори: Лидија Танушевска, Јасминка Делова-Силјанова, место: кафе „Буква”

✔️Полска музика и неформална дружба со студентите полонисти во Кафе „БУКВА”XII меѓународна македонско-полска научна конференција е поддржана од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” од Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Полскиот институт во Софија.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме