Утрински Весник
Македонија

Младо момче крадело во кафеана во Куманово – полицијата го приведе

Kumanovo.jpg

Малолетник (17) од Куманово бил приведен вчера под сомение дека украл повеќе предмети од угостителски објект.

На 02.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од Куманово поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Газда Деко понудил имот вреден 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

ЛДП: Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел

31-годишен Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија