Утрински Весник
Македонија

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го блокира европскиот пат на Македонија по 100 дена владеење

4657d86e 73fa 4566 8aa0 0deeffbc0ba4.jpeg

Во своето гостување на Алсат телевизија, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, остро ги критикуваше првите 100 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека партијата не исполни ниту едно од своите ветувања, освен што се појави коруптивен скандал поврзан со задолжувањето на државата за 500 милиони евра.

Според Петровска, по овие 100 дена, државата повторно се враќа во времињата кога владееше ВМРО-ДПМНЕ, кога партиските интереси беа на првото место, а интересите на граѓаните беа запоставени. Таа посочи дека ДПМНЕ и ВЛЕН не ги поврзува државниот, туку личниот интерес.

Во однос на европскиот пат на Македонија, Петровска нагласи дека власта не покажува намери за вистинско напредување. „Иднината на државата е во втор план, а власта во Брисел одеше да бара уставни измени со одложено дејство, но се врати без конкретни резултати, како попарена“, рече таа.

Таа објасни дека предизборно ДПМНЕ тврдела дека има план за интеграција во ЕУ, но сега, кога се на власт, изјавуваат „Не благодарам за ЕУ“. Петровска укажа дека никој не им дал право на ДПМНЕ да направи такви изјави, и побара од власта да покаже конкретни планови и мерки за подобрување на состојбите во државата.

На крај, Петровска сугерираше дека е поверојатно дека до крајот на годината ќе дојде до реконструкција на власта, но не очекува значајни потези кои би биле од корист за граѓаните.

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!