Утрински Весник
Магазин

И оваа година ќе имаме зимско сметање на времето – еве кога ќе треба да ги поместите стрелките на часовникот

Images.jpeg

Зимското сметање на времето ќе започне викендот 26-27 октомври, тогаш стрелките на часовникот ќе треба да ги вратиме еден час наназад, што значи ќе спиеме еден час повеќе.

Засега во Македонија и Европа останува промената на времето во зимско и летно сметање на времето.

Многу земји нема да го направат тоа бидејќи експертите велат дека тоа не е добро за здравјето.

Азија и многу африкански земји не ги поместуваат часовниците. Многумина се жалат, во земјите каде часовниците се поместуваат за еден час, дека имаат проблеми со спиењето и проблеми со срцето, вртоглавица. А некои студии покажаа дека има повеќе сообраќајни несреќи, повреди на работа, срцеви удари и смртност на населението.

Некои експерти истакнуваат дека утринската светлина е сигнал за нашето тело дека дошол нов ден. Значи, кога тој биолошки ритам се поместува, многу настани во организмот се нарушуваат.

Со движењето на часовникот се нарушува и хормоналната рамнотежа во телото.

Некои од нив го регулираат нивото на шеќер во крвта, стресот, гладот, лутината, задоволството.

Можете да прочитате

Вкусен и здрав ручек за само 10 минути: Брз рецепт за сочни тиквички со сирење

Децата имаат чудни и (не)вообичаени навики

Европски град е прогласен за најскап за живот во светот во 2024 година