Утрински Весник
Скопје

Што дишеме моментално? – Пожарот во Чаир го загади воздухот во Скопје

Pozarcair.jpg

Утринава голем пожар избувна во фабрика во Чаир каде изгоре над 100 тона пластика а има и повредени, па поради тоа, како што покажуваат мерните станици во главниот град, воздуот на делови од Скопје е умерено загаден.

Мерните станици во Центар – Ректорат и Гази Баба покажуваат зголемено присуство на ПМ10 честички во воздухот како и намален квалитет на воздухот кој го дишат скопјани.

Ваквите податоци се забележани од 10 часот утринава кога избувна пожарот и до сега не покажуваат никакво подобрување.

Поради тоа се поставува прашањето што се изгоре во пожарот и што дишат скопјани моментално? Дали има опасност по здравјето на граѓаните и дали можеби во воздухот има присуство и на канцерогени честички?

Можете да прочитате

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „NO FINISH LINE SKOPJE“

Дел од Кисела Вода денеска без струја