Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски: Намалена просечна плата за 1.000 денари

Sm 13.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

За прв пат по седум години во изминатите 100 дена граѓаните се соочија со непријатна реалност – платите почнаа да паѓаат, просечната плата се намали за цели 1.000 денари.

Ова е резултат на неуспешната економска политика на актуелната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Власта не го исполни ниту ветувањето за минималната плата со што покажа дека не се грижи за работниците.

Наставниците и просветните работници, кои заслужуваат поддршка и признание, добија покачување од само 0,7%, наместо 12% кои требаше да се случат по планот на СДСМ.

Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство, што не е само неприфатливо, туку и штетно за целокупното општество.

Додека платите паѓаат, стандардот на граѓаните се намалува.

Владата на Мицкоски не успеа да обезбеди заштита на граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини дека е поважен од интересот на самите граѓани.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не исполнија ништо од големите ветувања. Ова е најнеспособната влада досега.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ