Утрински Весник
Македонија

Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври

20241001114244 Big 730x400 20.webp.webp

Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.

Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.

МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

Можете да прочитате

Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг

Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места

Мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил на булеварот „Борис Трајковски“