Утрински Весник
Спорт

Луис Хамилтон призна дека имал ментални проблеми

Images 1 12.jpg

Формула 1 возачот Луис Хамилтон открив дека поголем дел од животот се борел со менталното здравје.

Еден од најуспешните возачи во историјата на најбрзиот шампионат на светот со рекордни седум освоени шампионски титули додаде и дека ја надминал депресијата со помош на рутина со која се запознал сам себеси.

„Имав депресија. Од мала возраст кога имав отприлика 13 години. Мислам дека тоа беше притисокот за тркање и тепачките и злоставувањата во училиште. Немав со кој да разговарам“, открива Хамилтон.

„И покрај тоа што на почетокот се мачев да најдам мир, новата рутина ми помогна да стапам во контакт сам со себе, со своите внатрешни чувства, да размислувам што можам да направам“, додаде тој во интервју за британски медиум.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија