Утрински Весник
Македонија

Обид за убиство во Аеродром: Две лица осомничени, еден во бегство

Img 0544.jpeg

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С. (27) и М.С. (20) од Скопје поради сомнение за сторен обид за убиство, според член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 15.09.2024, по пријава за инцидент на територија на општина Аеродром во Скопје, во кој на Н.Г. од Скопје му биле нанесени убодни рани од две лица, полицијата презела мерки и утврдила дека осомничените се Н.С. и М.С. Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава.

Судија на претходна постапка му одредил мерка куќен притвор од 30 дена на М.С., додека за Н.С. се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ