Утрински Весник
Спорт

Дејан Георгиевски со сребро од Г1 ја отвори новата олимписка сезона

461180003 983000647174942 7978078755265051508 N.jpg

Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија дојде до финале на Тирана Опен Г1.

Во финалето до тесен пораз изгуби од Сотириос од Грција. Финалето Дејан се бореше со мала повреда која тимот се надева дека за многу скоро ќе ја санира.

-Убав почеток со значајни бодови за олимпискиот ранкинг, она што е важно да се спомене е тоа дека денеска го елиминиравме белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз не спречи да обезбедиме норма, објави Дарко Костовски.

Можете да прочитате

Австрија по втор пат подобра од Македонија

Манчестер Сити во Италија ја најде замената за Родри

Горан Пандев за клупската телевизија ќе го коментира мечот Интер-Црвена звезда