Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Dui.jpg

Демократската унија за интеграција смета дека губитниците на претседателските и парламентарните избори од Влен секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во Европската унија и ја приближуваат државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија.

„Одлуката на Европската унија да ја одвои Албанија од Северна Македонија во нашиот европски пат е најголемиот неуспех за владата со моноетнички легитимитет.

Ги потсетуваме граѓаните дека албанските партии кои ги загубија изборите потпишаа предизборна декларација и ветија дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата.

Ветија и дека за три до шест месеци ќе го сменат уставот, во спротивно ќе излезат од владата.

Но, повторно ги излажаа и ги измамија граѓаните.

За само 100 дена ја оддалечија земјата од Европа, предизвикаа непријателства со Грција, Бугарија, Косово и Албанија, а притоа ја доближија до Србија, Унгарија, Русија и Кина.

ДУИ останува цврсто определени да продолжи да биде гардиан на нашето евро-американско партнерство и по ниедна цена нема да дозволи промена на западниот курс на државата“ се наведува во соопштнието на ДУИ.

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура