На 12 октомври во Македонската опера и балет ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески” акде ќе настапат млади музички ѕвезди од повеќе држави.
По тој повод со свое видео обраќање се појави хрватската поп ѕвезеда Антонија Шола која на натпреварувачите им посака среќа и успех на натпреварот.
„Драго ми е што песните на Тоше и нашите заеднички песни се уште се пејат, што многу млади пејачи наоѓаат инспирација и пример во Тоше. Тоа го прави моето срце полно, а сигурна сум дека и на Тоше му е драго” изјави Шола која со Тоше го отпеа големиот хир „Волим осмех твој”.
Влезниците за „Песните на Тоше Проески” кои се во ограничен број веќе се пуштени во продажба преку сервисот мктикетс.мк и се продаваат по цена од 400 денари за билет.