Утрински Весник
Македонија

Почнува Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка

Megjunaroden Teatarski Festival.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со претставата „Љубовна терапија” на Народен театар при НУЦК „Трајко Прокопиев”, вечерва почнува 16 тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″.

Организаторот е Општина Крива Паланка, од каде најавија атрактивни театарски претстави од реномирани театри од земјава и Балканот. Фестивалот ќе трае до 5 октомври 2024, а „Градот на културата” во периодот на одржување ќе биде отворена сцена за врвни актери од државата и регионот.

Лауреат на годинешното издание е познатиот македонски актер Никола Ристановски, а изминатата деценија и пол на одржување на фестивалот се врамени во монографијата на Гоце Ристовски, „Со театар до Балкан без граници”, ќе бидат претставени пред публиката на свечена академија на 30 септември.

На „штиците што живот значат” во НУЦК Крива Паланка ќе настапат повеќе македонски театри – МНТ, Драмски театар, Скопје, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театри од соседните земји – ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија, Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија, кои ќе настапат со најновите и најатрактивни театарски претстави.

Дизајнот на плакатите и визуелниот идентитет на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” Крива Паланка од почетокот до денес му е доверен на кривопаланечкиот графички дизајнер и хералдичар, Стојанче Величковски.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен