Утрински Весник
Свет

Германската шефица на дипломатијата: Следниот генерален секретар на ОН мора да биде жена

20240927093308 Big 730x400 50.jpg

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги повика Обединетите нации да изберат жена за генерален секретар по речиси 80 години машко лидерство.

Жените сочинуваат 50 отсто од секоја земја, рече Баербок на Генералното собрание на ОН во Њујорк, „но за 80 години оваа организација никогаш немала генерален секретар жена“. „Значи, ако оваа организација повикува на еднаквост и правда во светот, крајно време е да го покажеме тоа овде во Њујорк“, додаде таа.

„Следниот генерален секретар на оваа организација мора да биде жена“, посочи таа. Досега, светската организација беше предводена од девет генерални секретари, сите мажи, вклучувајќи го и актуелниот лидер Антонио Гутереш.

Гутереш, чиј втор мандат завршува во 2026 година, ја изрази својата поддршка за жена наследник. Во круговите на ОН, изборот на личност од Глобалниот југ се смета за веројатен, а како потенцијален кандидат се појавува премиерката на Барбадос, Миа Мотли.

Можете да прочитате

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиската држава Утар Прадеш

Посетата на папата на Белгија во сенка на скандалот со сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници

Позната инфлуенсерка од Турција паднала од петти кат и починала – прошталната белешка посебно загрижува