Утрински Весник
Балкан

Лајчак и Вучиќ детално разговарале за дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор

20240926102306 Big 730x400 3.webp.webp

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека со српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН) во Њујорк, детално разговарале за последните случувања во рамките на дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор, во светло на Планот за раст за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

„Разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на ГС на ОН детално за последните настани во дијалогот и потребата од повторно ангажирање и спроведување на Охридскиот договор, исто така во светло на Планот за раст на ЕУ за регионот“, изјави Лајчак на социјалната мрежа Х.

Вучиќ претходно пред новинарите изјави дека во разговорот со Лајчак повторно укажал на уривањето на се што е потпишано и прифатено со Бриселскиот договор.

Тој на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ додаде дека Косово и Метохија и опстанокот на српскиот народ во нивните огништа се главна тема на сите негови средби во Њујорк и дека со Лајчак разговарал „не само за ситуацијата на теренот, со што тој е многу добро е запознаен, но и за она што ЕУ и меѓународната заедница не го прават, а се обврзани да го прават, како и за тоа што Србија, во рамките на своите можности, има намера да направи за да го заштити својот народ и нивното право на живот и слобода“. 

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград