Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Девет пожари на отворено во изминатите 24 часа, планирано прскање против комарци во Скопско

112.webp.webp

Во последното деноноќие имало се регистрирани девет пожари на отворено, при што гореле ѓубришта, депонии, запалени кабли и гуми, стрништа, сува трева и нискостеблеста вегетација и шума, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите во Скопје интервенирале за гасење на запалена депонија на површина од 200 метри квадратни во село Батинци, запалена сува трева во Бардовци.

Во Битола биле запалени стрниште и ниска вегетација во близина на бензинската пумпа „Пелагонија петрол“, а во Струмица биле запалени лисја и јавор и депонија кај с. Банско.

Пожарникарите инревенирала и на запалена дива депонија во близина на кавадаречкото село Раец, за гасење на запалени кабли и гуми во близина на фабрика за вода во ромско маало во Кочани, на запалено ѓубре во охридски Теферич и на запалено стрниште и нискостеблеста вегетација кај асфалтната база во реон на с.Романовце.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека на 27 и 28 септември во раните утрински часови ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци.

Од 30.09. до 03.10.2024 година, пак, ќе биде спроведена дезинсекцијата со прскање од земја.

Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе биде извршена првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин. Заради планираното прскање против комарци се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме