Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени: Тешка сообраќајна несреќа на патот Мавровска крстосница – Дебар

Skreseno Staklo Soobrakajka.jpg

На 25.09.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Мавровска крстосница – Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од АФ.(23) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(33) од Дебар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Д.(22) од Дебар, сопатничка во возилото „ауди“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „ауди“ – С.Ф.(44) од Тетово, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид и во Медицински центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Филипче: Скандалот со АНБ им пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ, декласифицирајте да се види вистината 

Филипче: Албанија и Србија со повисоки плати, нашите граѓани тонат во сиромаштија