Утрински Весник
Македонија

УХМР: До сабота сончево и топло, од недела целосна промена

Soncevo 1.jpg

До крајот на денот променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата до 28 степени.

До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата, соопштуваат од УХМР.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани