Утрински Весник
Свет

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Пацификот, прва во последните децении

20240925091809 Big 730x400 51.webp.webp
Dik 300x250 mk

Ракетните сили на Народноослободителната војска на Кина (ПЛА) денеска лансираа интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава во водите на Пацификот, соопшти Министерството за национална одбрана.

Наведено е дека ракетата паднала во целната област на Пацификот и оти лансирањето е рутинска активност во рамките на годишниот план за обука, како и дека релевантните земји биле однапред информирани за овој тест, пренесува новинската агенција Синхуа.

– Лансирањето ги тестираше перформансите на оружјето и ефективноста на воената обука и ги постигна саканите цели, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

Се додава дека лансирањето било во согласност со меѓународното право и не било насочено против ниту една земја или цел.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил