Утрински Весник
Македонија

Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска

Image 215709.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ).

Погребот ќе се одржи в петок, на градските гробишта во Бутел.

„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што ја толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ја долови фаталната женска привлечност“ – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.

Добитничка на неколку награди и школувана во Македонија, Софија, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето“. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а нејзиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен“, „Аида“, „Набуко“, „Моќта на судбината“, „Сестра Анџелика“, „Јулиј Цезар во Египет“, „Севилскиот берберин“, „Лилјакот“, „Иван Сусањин“, „Цар Самоил“.

Можете да прочитате

МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција