Утрински Весник
Македонија

Средба на првиот вицепремиер Меџити со генералот Весли К. Кларк

20240925072332 Big 730x400 78.webp.webp
Dik 300x250 mk

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, вчера се сретнал со генералот Весли К. Кларк, поранешен командант на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, со кого разговарале за континуираната поддршка на САД и НАТО на нашата земја на патот на евроатлантските процеси. 

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити истакнал дека разговарале за фактот дека безбедноста и мирот се тесно поврзани со меѓународната соработка, но пред се и со економскиот развој.

-За време на мојата посета на САД ми беше задоволство да се сретнам со генералот Весли К. Кларк. Разговорите со поранешниот командант на силите на НАТО, како и секогаш, се многу плодни и носат извонредни искуства. Разговаравме за фактот дека безбедноста и мирот се тесно поврзани со меѓународната соработка, но пред се и со економскиот развој. Исто така зборувавме и за неговиот извонреден придонес за мирот, а особено за тој во регионот. Пред се, се зборуваше и за континуираната поддршка на Соединетите Американски Држави и НАТО Алијансата што ѝ ја даваат на нашата земја на патот на евроатлантските процеси, пат кој несомнено е еден од нашите главни приоритети, рекол Меџити по средбата.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина